ПОЧЕТНА

БЛИЗНАЦИТЕ
Близнаци и Овен:
            Овие два типа брзо се откриваат и меѓусебно се поверуваат, а љубовта на прв поглед не е без опасност. Овенот нема да биде доволно задоволен заради брзоплетоста и површноста на Близнаците, па затоа врската е доста нестабилна. Мажот Близнаци ја опсипува жената со многубројни безначајни подароци; жената Близнаци потскокнува околу мажот-оган. Ако прејако изразениот ерос на Овенот или силната љубопитност на Близнаците не ја расипат врската во младоста, ги чека среќна старост.

Близнаци и Бик:
Кај овој пар, разликите во сваќањата за уживањата се толку различни колку и нивните карактери, но во дневниот живо, практичен живот добро се снаоѓаат. Еротската врска е промашена. Бикот е длабок, сталожен и бара целосен акт до кулминација, Близнаците се површни и сакаат да свршат што побрзо. Ни еден од партнерите нема да доживее вистинска интима. Најчеста причина за напнатоста меѓу овие два знаци е што Бикот чувствува кога треба да се размислува, а Близнацит размислуваат кога треба да чувствуваат.

Близнаци и Близнаци:
Површно се заинтересирани, без умилкувања и без залажувања  трчаат по сензации. И двајцата сакаат површни и лесни возбудувања, околината се забавува на нивна сметка, а за оргазам не им е гајле. Нивната среќа се остварува се тоа што настаните и ситуациите не ги сваќаат драматично, вообичаено се проследени со детска радост. Во друштво и во заедничка работа не се поднесуваат. Во бракот е полесно, едниот е дома, а другиот надвор. Ако ги оговараат се прават невешти и си мислат: само добриот коњ прашина крева.

Близнаци и Рак:
            Единствено што ги сврзува се спомените од детството. Сакат патувања, но едниот секогаш чека. Големи се разликите во поглед на домот и грижата за децата. Поприродно е ако жената е Рак, таа секогаш добро го одржува домот, а тој секогаш е надвор од дома. Близнаците лесно ќе осигураат сретства за живот, а Ракот е добар благајник, затоа куќата ќе биде сигурна. Емотивниот живот на Ракот е подлабок, а кај Близнаците е површен, но после секоја забелешка ги поправа своите недостатоци.

Близнаци и Лав:
            Меѓу нив постојат големи разлики во еросот и психата. Тоа е брак на волјата и интелектот. Ослободени се од сите предрасуди, чувствата не се длабоки, на љубомората и нема место. Тие се сраќни затоа што се гледаат реалистички. Се надополнуваат во јавната работа, на излетите, во друштво. Еротската страна нема да бида во ред (посебно за Лавот) бидејќи Близнаците се одликуваат со скромни побарувања, Лавовите не сакаат коментари. Во јавноста понекогаш оваа врска наликува на брак на снобови.

Близнаци и Девица:
Овие двајца на приредбите секогаш се заедно. Во домот еросот нема длабочина, различна е брзината на возбудување и при актот понекогаш може да се повреди вкусот. Девиците се осетливи на тоа а бараат да се исповедаат некаде. Врската не е јака па раскинувањето поминува безболно. Понекогаш се разидуваат поради различните погледи на сексуалниот живот. Меѓутоа кога е во прашање бизнисот секогаш се на иста страна, како и во практичниот живот и секојдневните активности.

Близнаци и Вага:
            Многу лесно доаѓа до познанство и тоа најчесто тоа се случува на некоја забава, а до брак доаѓа непланирано. На улица секогаш се рака под рака, заедно купуваат и патуваат. Брзите и лесни емоции се присутни кај двајцата. Еротски  на Вагата ќе и биде скратено задоволството ,но вниманието и однесувањето на Близнаците тоа  ќе го поправи. Меѓутоа заради еросот нема да се разделат.

Близнаци и Шкорпија
            Близнаците се површни и непостојани, а Шкорпиите длабоки и средени. Тоа е врска на поверение и отвореност. Често пати се одлични соработници: Близнаците се со многу факти и анализи а Шкорпиите со силна концентрација и синтеза. Во оваа врска многу е важен аспектот Марс-Меркур. Во зависност од нивната поставеност може да биде среќна или несреќна врска. Најдобро е ако Шкорпија е мажот.

Близнаци и Стрелец:
            Често се запознаваат преку далечни роднини, на патувања или преку допишување. Се пронајдуваат интелектуално и едноставно и отворено се зближуваат. Можат да остварат среќна еротска врска и тоа се оди спонтано и природно, без многу размислување. Можат да се јав несогласувања во поглед на заедничките интереси, но најчесто се во срешен и долготраен брак.

Близнаци и Јарец:
            Кога ќе се сретнат контактот не се ни чувствува. Љубовта е обично млака и треба да се најде друго поле на интересирање за да дојдат пред матичар. Можат да се најдат во филозофијата, индустријата или економијата но во еротиката никако. Секој си ја игра својата игра и односот е промашен. Без смисол и уживање, тешко можат да бидат заедно.
Близнаци и Водолија:
            Во оваа врска постои заемна љубов. Спонтано се сретнуваат, без предрасуди влегуваат во однос. Ги поврзуваат идеали, музика патувања, авантури друштва итн. Не се љубоморни еден на друг, секогаш се во лов на нови сензации и создаваат нови и нови познанства. Во оваа врска се зависи од Водолиите и од степенот на ниваната ексцентричност. Можат да имаат добар брак.

Близнаци и Риби:
            Разликите меѓу овие два знаци се големи. Близнаците се површни, практични, немирни, а Рибите се со длабоки чувства, мирни а тоа се одразува и на еротски план. Подобро жената да биде во знакот на Риби. Врската е непотполна. Рибите се помируваат и трпат, Близнаците не трпат ништо, па ни неизвесност. Најчесто заминуваат први. Понекогаш ги врзуваат родбинските врски, многу ретко дацата.